ВИДЕО: Ќе промаши ли некогаш? Ибра на тренинг на Хамарби ги „торпедира“ голманите

Слично како Кристијано Роналдо, првата ѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ не е во карантин во Италија, каде се останатите фудбалери од Серија А. Шведскиот ас се врати во родната Шведска и тренира со екипата на Хамарби, клуб во кој има 25% од акциите. 

На тренинзите може да се види дека Ибра го дава својот максимум, а очекувано не ги штеди ниту голманите. Доказ за тоа е видеото кое Хамарби го објави на социјалните мрежи, на кое се гледа како како Ибра ги „торпедира“ голманите. 

Златан на почетокот на оваа година се врати во Милан, но многу веројатно неговата втора авантура на „Сан Сиро“ ќе биде кратка, затоа што се шпекулира дека од следната сезона ќе настапува за друг клуб.