ВИДЕО: Ќе останеше без нога – Ричарлисон КРВНИЧКИ стартуваше врз Тиаго

Тиаго

Фудбалерите на Евертон со многу среќа се изборија за реми во дербито против градскиот ривал Ливерпул. ВАР-собата го одлучи конечниот исход со неколку одлуки.

Џордан Хендерсон постигна гол за победа, но истиот беше поништен поради офсајд позиција. На истиот му претходеше брутален старт на Ричарлисон врз сонародникот Тиаго Алкантара.

Домашниот фудбалер заслужено беше исклучен, а среќа што играчот за врска на „црвените“ избегна посериозна скршеница.

На крај ривалите освоија по бод, во возбудливо дерби одиграно на „Гудисон Парк“.