Ќе имаме ли „македонски ден“ во Лигата на шампионите?

Четворица Македонци се дел од новото издание на Лигата на шампионите, а нивните клубови вечерва ги играат натпреварите во елитното друштво и може да се добие историја за мак-фудбалот ако сите добијат минути затоа што никогаш толку наши играчи немало во елитата во едно коло.

Од 18:45 часот, шпанска Џирона во чии редови настапува центарфорот Бојан Миовски на домашен терен игра против Феенорд. Штипјанецот ги чека првите европски минути, затоа што на премиерата против француски ПСЖ не доби шанса за настап. Лоша вест е што на претходните два меча во Примера е на клупата за резерви.

Ељиф Елмас и неговиот РБ Лајпциг во Германија го пречекуваат Јувентус од 21:00 часот. „Дијамантот“ имаше проблеми со повреди, немаше редовна минутажа, но овој дуел може да биде шанса за него, затоа што добро го познава следниот ривал поради настапите за Наполи во Серија А.

Во редовите на Динамо Загреб играат Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Двајцата се во топ-форма и се стартери за „модрите“, па се очекува да бидат во првите единаесетмина на средбата против Монако на „Максимир“ каде хрватскиот првак исто така од 21:00 часот ќе мора да се вади за европскиот срам во претходната рунда против Баерн Минхен (2-9).

Покрај Џирона – Феенорд, од 18:45 часот се среќаваат уште Шахтјор и Аталанта. Во вечерниот термин играат уште Астон Вила – Баерн Минхен, Бенфика – Атлетико, ЛилРеал Мадрид, ЛиверпулБолоња и Штурм Грац – Бриж.