Ќе „гори“ до крај за ЛШ: Голчиште на Ди Лоренцо, Интер потона во Неапол (ВИДЕО)

Актуелниот италијански првак Наполи на домашен терен го победи Интер (3-1) во дербито на колото и битката за Лигата на шампионите до крајот на сезоната, поточно во последните две кола, ќе биде пеколна.

Шест екипи се во битка за последните три места. Сите имаат математички шанси за место во елитата, па ќе се одлучува со резултатите во последните две рунди. Јувентус, Интер, Лацио, Милан, Аталанта, Рома... се во пласманот во битка за Лигата на шампионите. Ова беше прв пораз по девет натпревари за Интер во сите конкуренции (осум победи, едно реми).

Што се однесува до мечот на „Диего Армандо Марадона“, сите три гола паднаа во второто полувреме. Победата за домашниот тим ја најави Ди Лоренцо со неверојатен гол во 85. минута од мечот, со шут од далечина, а по него реализира и Гаетано. Претходно, Наполи поведе преку Ангиса во 67. минута, а израмни Лукаку во 82. минута.

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас се најде во стартниот состав, а играше 69. минути. Доби и жолт картон поради влечење на противник пет минути пред да го напушти теренот.

  • Извештај од натпреварот: 

На Наполи му беше поништен и гол со ВАР во 79. минута кој го постигна Симеоне. Повеќето сметаат дека оваа одлука е полемична и е предмет за анализа. Интер во следната рунда ќе игра против Аталанта, додека Наполи гостува кај Болоња.

Состави

Антонио Конте

4-2-3-1

    Симоне Инзаги

    3-5-2