• Мартин Танасковски

Христо Бонев, поранешниот капитен и репрезентативец на Бугарија, говореше за победите на националниот тим против Гибралтар и Македонија, а истовремено ги коментира и свирежите кои источниот сосед ги доби при интонирањето на химната.
Бонев вели дека таквиот потег бил неприфатлив и ако тој бил капитен на оваа Бугарија, ќе го натерал целиот тим да се повлече, да го напушти теренот и земјата, затоа што потегот бил навистина недоличен.
„Гледачите во Скопје го исвиркаа нашето најсвето - тоа е химната. Ако јас бев капитен, ќе го напуштев и теренот и земјата, затоа што не би можел да прифатам толку голема навреда“, изјави Бонев за „Спортал“.
Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија заврши со победа на гостите (0-1).