• Мартин Танасковски
Италијанскиот тим Лацио пронајде замена за Игор Тудор со кого се раздели пред извесен период и за нов стратег го именува Марко Барони.
Се работи за 60-годишен искусен тренер кој последен пат ја водеше Верона, а низ кариерата работеше и во Лече, Реџана, Кремонезе, Фрозиноне, Беневенто, Новара, Пескара, Сиена, Анкона...
Но, тој не е омилен кај сината страна на Рим, затоа што како играч беше дел од лутиот ривал Рома чиј дрес го носеше од 1986 до 1987 година. Навивачите на Лацио веќе најавија дека тешко ќе биде да се прифати стратегот кој претходно беше дел од „волчицата“.