• Иван Димовски
Ако Интер лесно си ја заврши задачата и го обезбеди скудетото, трката за европските купови преку Серија А ќе биде пеколна. Од втората до шестата позиција пет екипи се на распон од пет бода, со тоа што Наполи игра вечерва со Болоња.
Дури и ако се исклучи Наполи, останатите четири екипи се во само три бода на две рунди до крајот на шампионатот.
- Табела на екипите во трката за ЛШ:
2. Наполи (70), 3. Јувентус (68), 4. Милан (67), 5. Рома (67), 6. Комо (65)
- Распоред на натпревари на екипите кои се борат за ЛШ:
Наполи: Болоња (дома), Пиза (гости), Удинезе (дома)
Јувентус: Фиорентина (дома), Торино (гости)
Милан: Џенова (гости), Каљари (дома)
Рома: Лацио (дома), Верона (гости)
Комо: Парма (дома), Кремонезе (гости)
Само три од овие пет екипи можат да стигнат до место во Лигата на шампионите, со тоа што Наполи е во најдобра позиција бидејќи има натпревар помалку. Доколку Интер го освои трофејот во Копа Италија, тогаш и шестопласираната екипа би одела во Лига Европа, а седмопласираната Аталанта во Конференциската лига. Сепак, тоа паѓа во вода ако Лацио изненади во Куп-финалето.



