ВИДЕО: Ќе беше чудо ако Брајтон го загубеше овој меч против ужасниот Кристал Палас

Поразите се веќе минато за Кристал Палас, откако момците на највозрасниот менаџер во Премиер лигата, Рој Хоџсон, одиграа 1-1 против разиграниот Брајтон, во натпревар во кој гостите од југот на Англија имаа тотална доминација и пропуштија неколку шанси за гол, а на спротивната страна домаќините погодија по единствениот директен удар кон противничкиот гол. 

  • Извештај од натпреварот: 

Младиот стратег на клупата на „галебите“, Грахам Потер повторно најде начин како да го надигра противникот и неговите момци играа фантастично во текот на сите 90. минути, но офанзивниот дел целосно потфрли, затоа што доминацијата не успеа многу порано да ја претвори во погодок за заслужени три бода. Вака, мораше да се вади во самиот финиш, откако МекАлистер со многу среќа во 90. минута донесе бод за Брајтон од денешното гостување во Лондон. 

Домаќините пак, речиси идентично како и на останатите натпревари оваа сезона играа дефанзивен фудбал, повеќе мислеа на својот гол, отколку на противничкиот, но овој пат таквиот пристап им донесе само реми, за разлика од победите над Манчестер Јунајтед и Саутемптон. 

Голот за „орлите“ со кој беше отворен резултатот беше дело на Вилфред Заха од пенал во 19. минута, а домашните фудбалери до противничкиот гол се приближија само уште еднаш, откако Батчујаи постигна гол за 2-0, но ВАР го поништи.

Натпреварот на „Селхрст Парк“ заврши со 1-1, но со неверојатна статистика на страната на гостите. Момците на Потер имаа 67% посед на топката, кон противничкиот гол упатија 17 удари (три директни), наспроти единствениот на Заха со кој беше отворен резултатот. Во самиот финиш од натпреварот Брајтон остана со играч помалку, затоа што поради неспортски  фаул Данк заработи директен црвен картон.