Ќато ја препороди Ренова, игра фудбал како во шампионската сезона

Екипата на Ренова под водство на Ќатип Османи игра допадлив фудбал и е можеби најпријатното изненадување во македонскиот фудбал по десет одиграни кола. „Гипсарите“ котираат високо и барем бодовно играат како во шампионската сезона.

Статистички земено, Ренова ја игра втората најдобра сезона во историјата. Моментално тимот од Џепчиште се наоѓа на второто место на табелата со вкупно 21 освоен бод, или два помалку од лидерот Шкупу.

Ренова има освоено повеќе бодови од Академија Пандев, повратникот Брегалница, Шкендија... Ако се погледне статистички, досега, Ренова освоила повеќе бодови во историјата само во шампионската сезона 2009/10, кога имаше 23 поени по првите десет кола во македонскиот фудбал.

Ќатип Османи се покажал како добар стратег и како човек кој знае да изгради добар колектив. Може да продолжи во исто темпо со Ренова и да остане во еврокуповите по крајот на сезоната?