ВИДЕО: Ќамили игра во врвна форма во Данска, му даде гол и на Бронби!

Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили одново се запиша во листата на стрелците во данскиот шампион, овој пат во ремито на неговиот Сондерјиске против екипата на Бронби (2-2).

Ќамили  противничката мрежа ја затресе во 66. Минута и ја намали негативата на својот тим на 1-2, откако по еден корнер одлично се снајде во мешаницата и ја втурна топката во посакуваната цел.

За македонскиот ас ова беше седми погодок во данската фудбалска елита. Ќамили на натпреварот со Бронби одигра 89 минути и беше заменет со Иван Николов. Сефер Емини го одигра целиот натпревар.