• Иван Димовски
Фудбалерите на Сондерјиске го изненадија и победија данскиот првак Мидтјиланд со 3-2 (1-0) во 12. коло на Суперлигата во оваа земја. Особено запазени беа настапите на македонските интернационалци на оваа средба.
Лирим Ќамили беше двоен стрелец за екипата на Сондерјиске. Македонскиот репрезентативец погоди прво во 41. минута од средбата за 1-0, а потоа и на стартот на продолжението во 51. за удвојување на позитивата.
- Вториот погодок на Ќамили против шампионот:
Гостите се вратија резулаттски преку Кухта, меѓутоа потоа Линг по асистенција на Сефер Емини зголеми на 3-1. Ниту тука не беше крајот на возбудувањата, а поразот на Мидтјиланд го ублажи Соренсен (3-2).
На овој натпревар на клупата остана младинскиот репрезентативец на Македонија, Иван Николов.