ВИДЕО: Кјаер вечно ќе го памети голот на Траоре за елиминација на Севиља од ЛЕ

Славија Прага е сензацијата на вечерта во Лига Европа, а начинот на кој чешкиот претставник ја исфрли Севиља е скоро неверојатен. Ни откако примија гол во продолжението, „бело-црвените“ не губеа надеж и најнапред израмнија на 3-3, а во 119. минута по една хаотична акција, Траоре го постигна голот за 4-3 и четвртфинале.

Несреќникот кој не успеа да го спаси погодокот на гол-линија е Симон Кјаер, кој лошо се координираше и наместо да расчисти, помогна голот да биде потврден.

Голот за четвртфинале на Славија во 119. минута:

Десетина минути по натпреварот, фановите на Славија останаа на „Еден стадион“ и го славеа големиот успех. 

Извештај од натпреварот Славија Прага - Севиља: