Киву: Пандев, Деки, Снајдер... ние бевме една група „цигани“!

Интер во 2010 година го оствари најголемиот успех во историјата. Ја обедини „триплетата“ – ги освои трофеите во Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите, а тренер беше португалската легенда Жозе Мурињо.

Имаше многу играчи кои беа големи борци во екипата, меѓу нив беше и македонскиот напаѓач Горан Пандев. Кристијан Киву, романскиот лев бек кој беше незаменлив во одбраната, даде интервју за клупската страница во кое кажа интересни работи. Говореше за хемијата на тимот, ја откри и тајната.

„Во Интер имавме една таканаречена група „цигани“. Тоа бевме јас, Марко Матераци, Горан Пандев, Весли Снајдер, Дејан Станковиќ... вистинка група на „цигани“. Но, вистинските „цигани“ бевме Дејан Станковиќ и јас. Јас сум од Романија, тој е од Србија. Роден сум на град кој е скоро 100 километри од Белград. Затоа имам големо мислење за народот од Србија“, изјави Киву.

41-годишниот Романец во моментов работи како тренер во младинските категории на Интер.