• Саше Љолес
По убедливата победа над Сасуоло (0-5), тренерот на Интер, Кристијан Киву, беше задоволен од настапот и пристапот на својот тим, истакнувајќи дека резултатот е плод на дисциплина и колективна игра.
„Нероаѕурите“ ја продолжија победничката серија во првенството и повторно покажаа сила, а романскиот стратег ги пофали играчите, но во исто време порача сите да останат цврсто на земја.
„Одигравме сериозен натпревар од првата до последната минута. Играчите покажаа карактер, интензитет и желба да ја контролираат играта, што беше клучно за победата. Важно е што создававме шанси и бевме ефикасни, но уште поважен е начинот на кој работевме како тим.
Ова е патот по кој сакаме да одиме, чекор по чекор. Има простор за подобрување и тоа е најдобрата порака по ваква убедлива победа. Мораме да останеме скромни и концентрирани, пред нас е најважниот дел од сезоната“, заклучи Киву.
Со победата над Сасуоло, Интер повторно има осум бода предност пред второпласираниот Милан, но и натпревар повеќе од градскиот ривал.










