Киву и Интер доведоа француски напаѓач од редовите на Парма

Управата на италијанскиот гигант, Интер, доведе ново засилување во своите редови, а тоа е францускиот напаѓач Анже-Јоан Бони, кој досега настапуваше за екипата на Парма

Се претпоставува дека трансферот бил лично посочен од тренерот Кристијан Киву, кој до минатата сезона ги предводеше „млекарите“ и точно ги познава квалитетите на офанзивниот фудбалер. 

Бони во дресот на Парма минатата година одигра 37 натпревари и забележа учинок од шест голови и четири асистенции. Кариерата ја започна во францускиот Шатору, а потоа потпиша за Парма, за која настапуваше четири сезони и одигра вкупно 111 првенствени натпревари. 

Се очекува Бони да биде дел од офанзивната ротација на „нероаѕурите“, каде неприкосновено место во првиот тим имаат Маркус Турам и капитенот Лаутаро Мартинез