Киву: Ако бев Калулу и имав картон, ќе си ги држев рацете крај своето тело

Фудбалерите на Интер славеа во „Дербито на Италија“ против Јувентус (3-2) во Серија А. Овој натпревар крена прашина, бидејќи Пјер Калулу беше исклучен по симулација на Алесандро Бастони.

Свој коментар за ситуацијата даде тренерот на Интер, Кристијан Киву. Романецот го „оправда“ потегот на судијата, сметајќи дека Калулу погрешил.

„Тоа беше лесен контакт, ама и натаму е контакт. Мојот играч почувствува допир додека трчаше со полна брзина. Калулу е веќе искусен и мораше да знае дека во такви ситуации рацете треба да ги држи крај телото. Ако имам жолт картон, сигурно не би ставал рака на противникот, особено во контра“, изјави Киву.

Дури и првиот човек на судиската организација, Џанлука Роки призна дека судијата Федерико Ла Пена погрешил.