Китановски се уплашил од земјотресите и си заминал од Кукс!

Македонскиот интернационалец Томе Китановски нема повеќе да игра во Албанија, каде го носеше дресот на Кукс, пишува албански „abcnews.al“.

27-годишникот си заминал поради земјотресите кои ја зафатиле земјата и кои оставија катастрофални последици и жртви зад себе.

Фудбалерот кога стартувале земјотресите заминал дома во Македонија, а од клубот иако очекувале да се врати, тој нема да направи такво нешто.

Китановски беше важен дел од тимот на Кукс, а во прволигашката конкуренција одигра 11 меча. Во редовите на Кукс, Македонецот се пресели во текот на летниот преоден рок.