Китановски му се приклучи на Славен Белупо, на проба е и Стојановски

Македонскиот интернационалец Томе Китановски се приклучи на хрватски Славен Белупо, на подготовките кои тимот ги започна во својата тренинг-база.

Китановски од Истра како слободен фудбалер премина во Славен, каде колега ќе му биде уште еден Македонец - Мирко Ивановски, кој во договор со стручниот штаб не беше присутен на првиот тренинг и ќе му се приклучи на тимот во текот на утрешниот ден.

Во Славен на проба има уште еден македонски фудбалер - Влатко Стојановски, 20-годишниот напаѓач роден во Делчево, кој доаѓа од редовите на второлигашот Дугопоље.