Кит-Го со минимална гостинска победа над Кожуф ги отвори зимските подготовки 

Фудбалерите на Кит-Го со победа ги почнаа зимските подготовки, откако во првиот тест дуел славеа на гостувањето против Кожуф во Гевгелија со 0-1 (0-1). Стрелец на победничкиот гол за Кит Го беше засилувањето од Брегалница, младиот Тони Мичковски, уште во раната фаза од натпреварот.

Тимот од Пехчево одигра подобар натпревар, а во второто полувреме преку Мичкоски, Ступиќ, Андонов пропушти големи шанси за поубедлива победа над второлигашкиот ривал.

Кит-Го на 2 февруари заминува на подготовки во турскиот туристички центар Анталија, каде ќе бидат одиграни четири пријателски натпревари. Првиот противник на подготовките во Анталија е романскиот второлигаш Рипенсиа Тимошвар, дуел кој ќе се игра на 4 февруари, а потоа следи натпреварот и со Универзитатеа Крајова.