Кит-Го се раздели со напаѓачот Антонио Бујчевски

Еден од најдобрите фудбалери на второлигашот Кит-Го од Пехчево, напаѓачот Антонио Бујчевски нема да настапува за оваа екипа во шампионатот на ВМФЛ-Исток во сезоната 2019/20. Имено, битолчанецот ги раскина договорот со амбициозниот клуб од Пехчево и покрај феноменалната пролет.

Бујчевски постигна 12 гола на осум натпревари, но Кит-Го не успеа да се избори за промоција во ПМФЛ и покрај прогресот во играта и резултатите.

Искусниот напаѓач кој потекнува од школата на Пелистер, покрај за матичниот клуб играше за неколку македонски прволигаши и второлигаши, а настапуваше и во шампионатот на Косово.

Иднината на Кит-Го и натаму е неизвесна, со оглед на тоа што засилено се зборува за фузија меѓу Кит-Го и Брегалница Штип, како би се добил уште посилен и финансиски побогат клуб.