Кит-Го поразен од грузиски второлигаш на последниот тест во Анталија

Фудбалерите на Кит-Го од Пехчево загубија со 1-2 (0-0) од грузискиот второлигаш Зугдиди на последниот натпревар од подготовките во Анталија (Турција). Во максимално израмнет натпревар со отворени шанси и на двете страни, Кит-Го загуби со гол примен во последниот период од играта, нешто слично како и на првите два тест дуели.

Сите три погодоци на мечот паднаа во второто полувреме. Откако Грузијците поведоа со 0-1, на 1-1 израмни младинскиот репрезентативец Анџело Николовски, а потоа во 80. минута Зугдиди дојде до победата од 1-2.

Кит-Го: 
Денковски, Антонов, Николовски, Гогов, Христов, Рајков, Дујоски, Алексовски, Мичковски, Најдов, Ступиќ

Последните 20 минути од средбата ги одигра и најновото засилување Бојан Ѓорѓиевски, за кого ова беше деби во дресот на Кит Го.