Кис ван Вондерен именуван за нов тренер на Шалке 04

Култниот германски клуб Шалке 04 има нов проект и нов предводник. Поранешниот клуб на Драган Мутибариќ, Дарко Чурлинов и Бесарт Ибраими пак ќе се потпре на холандски стручњак. 

Кис ван Вондерен е новиот тренер на германскиот клуб од Гелзенкирхен. 55-годишниот Холанѓанец доаѓа на местото на Белгиецот Карел Герец.

Ван Вондерен е поранешен тренер на Го Ахед Иглс , како и поранешен селектор на репрезентацијата на Холандија до 17 и до 18 години.

Шалке 04 се наоѓа на тринаесеттото место во втората Бундеслига по лошиот старт на сезоната и влегува во опасната зона за испаѓање и од втората лига.