Кировски се раздели со Струга Трим Љум и повторно е слободен фудбалер

Кировски

По враќањето на Рамадани во Ренова, најмладиот прволигаш Струга Трим Љум остана без уште еден искусен фудбалер. 34-годишникот Христијан Кировски заради лични причини ја напушти струшката екипа и повторно е слободен фудбалер.

Пред точно една година високиот напаѓач дојде од Македонија Ѓорче Петров, каде беше еден од клучните играчи во обезбедувањето на Куп-финалето и местото во Европа. Кировски е играч со богата кариера, а има пројдено низ повеќе од 15 клубови, меѓу нив Вардар, Работнички, Шкендија, Македонија ЃП, ЦСКА Софија, Белчатов, Аполон, Етникос, ОФК Белград...

Високиот скопјанец во прекинатата сезона одигра 22 натпревари, постигна пет гола и запиша три асистенции. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.