ВИДЕО: Кировски го сруши Силекс, стружани се веќе хит во ПМФЛ

Струга Трим Љум е изненадувањето на сезоната во ПМФЛ, откако ја запиша и втората победа во третиот првенствен натпревар, а во меѓувреме ја прескокна и првата пречка во Купот на Македонија. Попладнево покрај езерото падна Силекс со 2-1 (1-0), а апсолутен актер на натпреварот беше 33-годишниот напаѓач, кој беше доведен од Македонија ЃП, Христијан Кировски, автор на два гола. 

Новиот прволигаш прв се закани и преку Бурхан Мустафов го загреа Ефремов. По прекин се закани и Благоевиќ, но биеше преку голот. Во 21. минута Тимовски ја упати првата закана на гостите од Кратово, но Драгарски со лизгачки старт спречи опасност. Прекините беа најчеста опција за гол на фудбалерите на Симов, кои го спуштија силното домашно темпо и во втората половина на полувремето воопшто не ризикуваа. 

Во најмирниот период од средбата, Таири во 34. минута украде една топка од Дурански на средината на теренот, го проигра Кировски, а овој пласираше крај немоќниот Ефремов (1-0). Ристов се закани во последните мигови од првиот дел, но Струга со минимална предност замина на 15-минутниот одмор. 

Вториот дел започна во знакот на кратовчани. Тимовски мина по десната страна и убаво центрираше, топката му легна на левата нога на 20-годишниот Дарко Гроздановски и Ѓуриќ беше немоќен да интервенира (1-1). Физички паднаа стружани и Силекс загосподари со средината на теренот. 

По еден час игра Ѓуриќ грубо погреши при враќањето на топката од Драгарски и само среќата ги чуваше стружани од уште еден примен гол. Сепак, по една збркана акција, топката во 65. минута стигна до Кировски во гужвата на влезот во казнениот простор, биеше по земја во „шумата од нозе“ и топката отседна во мрежата на Ефремов (2-1).

Јетон Беќири го внесе Далчески на местото на Мустафов, целосно го затвори натпреварот и со идентичен резултат како во првото коло против Работнички, ја запиша и втората победа во ПМФЛ. Благоевиќ во судиското надополнување ја прокоцка последната голема шанса за Силекс да избегне пораз.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 1 7 5 1 1 11:3 8 16
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 6 4 2 0 7:1 6 14
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 7 3 2 2 10:7 3 11
4 ШкендијаШкендија 2 7 3 1 3 8:4 4 10
5 РеноваРенова 2 7 3 1 3 6:8 -2 10
6 ШкупиШкупи 2 6 2 2 2 7:7 0 8
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 7 2 2 3 6:10 -4 8
8 РаботничкиРаботнички 1 7 2 1 4 6:10 -4 7
9 СилексСилекс 1 7 2 0 5 8:11 -3 6
10 БорецБорец 7 1 2 4 3:11 -8 5