Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки за дуелите со Англија и Луксембург

Женската репрезентација на Македонија ќе одигра два квалификациски натпревари во циклусот за Светското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд. 

В петок на Арената „Тодор Проески“ доаѓа гигантот англија, додека четири дена подоцна Македонките гостуваат во Луксембург. Селекторот Кирил Изов го соопшти списокот на фудбалерки на кои ќе смета во следните две средби. 

  • Список на повикани фудбалерки: 

Голмани: 
Викторија Панчурова (Тиверија), Магдалена Лекоска (Љуботен), Лина Самарџиевска (Вахјо Бх, Шведска)

Одбрана: 
Ане Бошеска (Тиверија), Ивана Николова (Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Христина Јошевска (Каменица Саса), Јулија Живиќ (Риека, Хрватска), Даниела Велеска (Риека, Хрватска), Катерина Милеска (Деспина)

Среден ред: 
Сара Велкова (Тиверија), Елма Шемсовиќ (Борец), Хава Мустафа (Шкендија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Елена Петровска (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен)

Напад:
Ангела Стојковска (Скопје 2014), Кристина Петрушевска (СЦ Истатов 2015), Радица Чонева (СЦ Истатов 2015), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Афродита Салихи (Скопје 2014)

На осми април в петок дуелот во Скопје е закажан во терминот од 20:00 часот, додека гостинскиот дуел на стадионот „Емил Мејриш“ се игра следниот вторник во 18:00. 

Избраничките на Изов во овој циклус имаат една победа над Летонија и пет порази. Во дуелот против лидерот Англија која има 53 дадени и е без примен гол, нема што да се бара, но со Луксембург се гледа шанса за бодови.