ВИДЕО: Кире Ристевски со првиот гол за Етникос го најави триумфот кај Докса

Македонскиот интернационалец од редовите на кипарскиот Етникос Акна, Кире Ристевски, постигна гол за својот тим и придонесе во победата извојувана на гостински терен кај Докса, за која настапува нашиот Душко Трајчевски. 

Ристевски го отвори резултатот во 12. минута и Етникос поведе со 0-1, а триумфот гостите го обезбедија прилично рано, откако Кабрера стрелаше дванаесет минути подоцна. За Кире Ристевски ова е прв лигашки гол во шеснаесет одиграни натпревари, а на Кипар пристигна летово од ерменскиот Пјуник. 

  • Извештај од натпреварот:

33-годишниот битолчанец е екс-репрезентативец на Македонија, а во кариерата настапуваше за многу клубови, меѓу кои се АЕЛ Лимасол, Ујпешт, Славија Софија и Тирана. Кариерата ја започна во матичниот Пелистер, а во Македонија играше и за Работнички.