Кире Маркоски потпиша за АЕЛ Лимасол!

Македонскиот репрезентативец Кире Маркоски својата кариера ќе ја продолжи на Кипар, каде ќе го носи дресот на АЕЛ Лимасол, дознава Gol.mk.

Маркоски, кој беше дел од У21-репрезентацијата и историското Европско првенство (ЕП) во Полска, е пред својот прв интернационален предизвик. Кипарскиот прволигаш веќе подолго време го пратеше офанзивецот, по што следеше контактот и договорот на двете страни.

Официјалните лекарски прегледи и презентацијата во АЕЛ Лимасол, Маркоски ќе ја има во наредните денови и ќе стане вториот Македонец во клубот, по Давор Здравковски.

За напаѓачот кој има 23 години ова ќе биде прв интернационален предизвик, по настапите за Работнички и Македонија Ѓорче Петров во нашата земја.