Кире Маркоски ja вивна Спартак Трнава кон финалето во Купот на Словачка

Македонскиот репрезентативец Кире Маркоски имаше одличен настап за Спартак Трнава во Купот на Словачка и го постигна единствениот погодок во триумфот над Сеница (1-0).

Офанзивецот доби шанса од првата минута, а уште во 3. минута успеа да погоди во мрежата на противникот. Маркоски доби топка од Ловат и ја искористи шансата која му се даде, па ја смести зад грбот на голманот Таборда.

Спартак Трнава победи минимално во првиот меч, а сега ја чека реванш и борба за пласман во финалето од Купот.

Пред да дојде во Словачка, македонскиот напаѓач настапуваше за Работнички, а краток период мина и на Кипар. Најголемиот успех му е пласманот со У21 селекцијата на ЕП во Полска. Дебитираше и веќе постигна гол и за сениорската репрезентација на Македонија.