Кире Маркоски ја најави победата на АЕЛ Лимасол

Македонскиот репрезентативец Кире Маркоски имаше солиден настап за кипарски АЕЛ Лимасол во рамки на тамошниот Куп на Кипар.

Напаѓачот доби шанса од првата минута на мечот со Омонија Арадипу, кој заврши со триумф на АЕЛ со 0-3 (0-2). Веднаш ја искористи, затоа што постигна гол уште во 3. минута и го најави Куп-триумфот над ривалот.

АЕЛ Лимасол обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Кипар.