Кире Маркоски и официјално претставен во АЕЛ Лимасол

Македонскиот репрезентативец Кире Маркоски и официјално во новата сезона ќе се натпреварува во кипарскиот шампионат, откако денес беше претставен како нов фудбалер на АЕЛ Лимасон. 

Она што се најави пред повеќе од две недели, се реализира. Младиот напаѓач кој беше дел од историскиот пласман на У21 репрезентацијата на Македонија на ЕП во Полска за кипарскиот тим потпиша договор на две години и по Давор Здравковски стана вториот Македонец кој ќе го носи дресот на овој клуб. 

За 23-годишниот Маркоски ова ќе биде прв предизвик надвор од границите на Македонија, откако претходно ги носеше дресовите на Македонија ЃП и Работнички