• Горан Упале
Отказот на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед сè уште е тема на разговор во Англија. Особено по изјавата на Бруно Фернандеш кој рече дека разговарал со Тен Хаг и му се извинил. Капитенот на „црвените ѓаволи“ изјави дека и играчите треба да преземат дел од одговорноста за сè што се случува оваа сезона.
„Не е добро кога менаџерот си заминува. Мора малку да ја преземете вината на себе, бидејќи тимот е тој што нема добри резултати. Но, полесно е да отпуштите менаџер отколку да се ослободите од петнаесет играчи. Разговарав со него и се извинив“, рече Бруно.
Експресен одговор стигна од Рој Кин, кој смета дека извинувањето на Бруно доаѓа предоцна.
„Веќе за лојалност спомнавме и претходно. Ако барате лојалност, купете си куче. Извинувањето на Бруно доаѓа малку предоцна. Лично, не би имал ниту време ниту трпение за играч кој би дошол кај мене и би ми рекол - извини, те изневеривме. Доцниш, те судат според тоа што го правиш на теренот, а мислам дека Бруно не направи доволно на многу натпревари. Тој не беше лидер. Би било интересно да се слушне што има да каже Тен Хаг за тоа извинување.
Ммислам дека Бруно не направи доволно како капитен на Манчестер Јунајтед во изминатата година или две за да му помогне на менаџерот“, рече легендарниот капитен на Јунајтед.
Нов менаџер на англискиот гигант ќе биде Рубин Аморим, кој со Спортинг направи чуда во португалскиот шампионат.