Кин одново без влакна на јазикот: Кајл Вокер е идиот!

Кин

Екс членот на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, работи како стручен коментатор на натпреварите од Премиер лигата. Искуството во кариерата како и неговиот темперамент го прават за одличен лик пред ТВ екраните за фановите.

Меѓутоа неговите жестоки изјави некогаш ја надминуваат границата, која останатите професионалци кои работат покрај него ја почитуваат. Последниот коментар е насочен кон десниот бек на Манчестер Сити, Кајл Вокер, кој беше човекот кој го направи пеналот по кој Ливерпул поведе на дербито.

„Пенал имаше затоа што Мане му се спротивстави на идиот (Вокер). Луѓето ми велат дека игра добро, но јас не го гледам тоа. Тој е една сообраќајна несреќа на теренот...“ , изјави Кин.

Дуелот на крај заврши без победник, а трагичар на мечот беше Кевин Де Брујне кој промаши пенал за водство на „граѓаните“.