ВИДЕО: Кин го руши Милан, Бонучи прв се радува - нема нетрпеливост по расистичкиот скандал

По скандалот со расистички извици врз Моизе Кин во Каљари во вторникот се крена голема прашина и заради реакцијата на Леонардо Бонучи и неговиот пропуст да го заштити младиот соиграч од некоректните крици на „Сант Елиа“.

Сепак, дека работите се во најдобар ред во соблекувалната на Јуве покажа реакцијата на Бонучи по голот на младиот италијански репрезентативец. Дефанзивецот прв дотрча и се радуваше со Кин на голот за победа против Милан.

  • Голот на Моизе Кин против Милан: 

Иако прв прими гол, Јуве преку Дибала (пенал) и Кин го сврте резултатот и го победи ривалот од Ломбардија со 2-1.