Кин го напушти Јувентус, но останува во Серија А

Италијанскиот напаѓач, Моизе Кин, го напушти Јувентус, но останува во Серија А, откако потпиша повеќегодишен договор со Фиорентина, соопшти клубот од Фиренца.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Кин со „виолетовите“ си подаде рака на договор до јуни 2029 година, а Јувентус од овој трансфер ќе инкасира најмалку тринаесет милиони евра.

24-годишниот голгетер своите фудбалски почетоци ги имаше токму во, а потоа во 2019 година се пресели во Евертон. Во Премиер лигата не се прослави, а ниту во ПСЖ, каде играше една сезона како позајмен фудбалер, па во 2023 година се врати во Јуве и минатата сезона одигра дваесетнатпревари и не постигна ниту еден гол.