Кимих успешно опериран, познато колку ќе паузира

Викендов во Бундеслигата очите беа вперени во „Дер Класикер“, каде Баерн Минхен се радуваше на триумф од 2-3 кај Борусија Дортмунд

Сепак, оваа победа го зеде својот данок, бидејќи Ханси Флик остана без Џошуа Кимих кој се повреди. Младиот фудбалер кој може да настапува на бековската позиција и во средината во солзи го напушти теренот по повредата, а се испостави дека солзите било со причина. 

Кимих беше опериран во Минхен и врз него бил извршен зафат врз менискусот на десното колено, па пред него е период на заздравување. Според најавите, Германецот ќе паузира најмалку до јануари, колку што во Баерн се надеваат дека ќе биде потребно за враќање на одличниот фудбалер.