ВИДЕО: Кимих со неверојатен гол го спаси Баерн од срам

Екипата на Баерн Минхен како голем фаворит се соочи со Келн, но мораше да се задоволи само со бод (1-1) во рамки на 17. коло од Бундеслигата. Овој нерешен исход е втор во низа со идентичен резултат по рестартот за „баварците“, по оние 1-1 против РБ Лајпциг.

Неверојатен гол во финишот за реми постигна Џошуа Кимих. Играчот на Баерн Минхен од триесетина метри испрати вистинска бомба во голот на „јарците“ кои цел натпревар ја држеа предноста. Инаку, Келн водеше уште од 4. минута со голот на Шкири.

  • Баерн Минхен - Келn 1-1:

На останатите бундеслигашки натпревари, Волфсбург ја понижи Херта и ја совлада со убедливи 5-0, додека натпреварот меѓу Хофенхајм и Штутгарт заврши со четири гола, но без победник (2-2).

  • Херта - Волфсбург 0-5: 

Утре се играат преостанатите пет натпревари од вонредното коло. 

Состави

Јулијан Нагелсман

4-2-3-1

    Steffen Baumgart

    4-2-3-1