• Мартин Танасковски

Џошуа Кимих од Баерн Минхен е првиот стрелец во новата сезона во германската Бундеслига.
Германскиот репрезентативец погоди на натпреварот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен. Стрелаше во 5. минута, на атрактивен начин од слободен удар и Трап немаше шанси да интервенира. Проблеми на голманот му направија и навивачите на Ајнтрахт поради пиротехниката.
- Голот на Кимих против Ајнтрахт Франкфурт:
Баерн Минхен повторно важи за прв фаворит во Бундеслигата, но, оваа година има конкуренција која ќе се обиде да му ги замрси сметките.