• Саше Љолес

Капитенот на германската фудбалска репрезентација, Џошуа Кимих, зборуваше за медиумите во пресрет на пријателскиот натпревар на националниот тим против Перу на домашен терен.
Новинарите имаа многу прашања, а секако неизбежна беше и темата за отпуштањето на неговиот тренер во Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман кој вчера помалку неочекувано беше избркан и на негово место доведен е Томас Тухел.
Kimmich: "I can only say that Julian Nagelsmann is an outstanding coach. He's easily in my top 3 best coaches" pic.twitter.com/dd60EHmRKQ
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 24, 2023
„Разбирам дека оваа тема сега е многу актуелна и можам да одговорам на вашите прашања. Можам да кажам дека Јулијан Нагелсман е одличен тренер, за мене тој е во трите најдобри во светот.
Сега сме фокусирани на натпреварот за националниот тим и во моментов тоа најмногу ме интересира. Ние обично вестите ги дознаваме доцна навечер кога сме во нашите хотелски соби, затоа што преку ден сме многу зафатени со тренинзи и немаме време за читање новини. Се надевам дека Нагелсман ќе продолжи да работи во силен клуб, тој е навистина талентиран и му посакувам само најдобри нешта во продолжението од кариерата“, изјави Кимих.
Јулијан Нагелсман беше неочекувано отпуштен од тимот на Баерн во текот на вчерашниот ден, Новото тренерско име на Баварците е Томас Тухел, тренер со големо реноме и титула во Лигата на шампионите со Челзи, а познато е дека Германецот одамна беше желба на управата на баварскиот гигант.