• Горан Упале
Фудбалерите на Холштајн Кил приредија големо изненадување во шеснаесетинафиналето од Купот на Германија, откако на гости кај бундеслигашот Волфсбург славеa со минимални 0-1 (0-1). Херој на тимот од Цвајте е шведскиот ас Александар Бернхардсон, кој домашната мрежа ја затресе во финишот од првиот дел од пенал.
Голема заслуга за триумфот на Кил има и дефанзивецот на Волфсбург, Селт, кој за само седум минути заработи два жолти картони и по нешто повеќе од половина час игра го напушти теренот.
Екипата на Херта беше убедлива пред својата публика и со 3-0 го совлада составот на Елферсберг, додека Хамбургер на гости кај Хајденхајм извојува триумф од 0-1.
Во дербито на колото, Борусија Дортмунд по изведувањето на пеналите беше поуспешна од Ајнтрахт Франкфурт. Во регуларните деведесет минути резултатот беше 1-1, а откако во дополнителните триесет минути немаше голови, натпреварот влезе во пенал-серија, во која гостите славеа со 4-2.
Во регуларниот дел први на погодок се радуваа домаќините, откако Кнауф уште во седмата минута погоди за 1-0, додека на 1-1 израмни Бранд.







