Кил извиси и ќе разигрува, Гројтер Фирт и Бохум патуваат во Бундеслигата

Екипите на Бохум и Гројтер Фирт одиграа според планот во 34. коло на втората Бундеслига и со победа се „чекираа“ во елитата за следната сезона. Иако во очи последната рунда Холштајн Кил беше втор, неочекувано со пресврт загуби од Дармштад и ќе мора да игра во разигрувањето против Келн. 

Фудбалерите на Бохум беа подобри од Сендхаузен со 3-1, стрелци на головите беа Пантовиќ, Лосиља и Зуљ, додека за гостите погоди Бехренс. Гројтер Фирт направи подвиг, со црвен картон стигна до пресврт-победа над Фортуна Дизелдорф (3-2). Гостите поведоа преку Петерсон, Сташ заработи црвен, но Хргота, Грин и Абиама погодуваа за Гројтер, а Апелкамп даде уште еден гол за Фортуна. 

Кил ќе мора по потешкиот пат да бара место во елитното друштво. Бидејќи завршија на третото место ќе играат плеј-оф дуел против Келн за последната празна позиција во Бундеслигата.