Киксовите на Јувентус ветуваат голови на дербито во Рим

Минатата сезона беше дерби за титула, а во овој момент важи за судир на екипи кои на почетокот на првенството покажаа дека се доста ранливи. И Јувентус и Лацио покажуваат променливи партии во Серија А, ама заостанувањето зад Милан во оваа фаза на лигата лесно се надополнува. И покрај лошите изданија на двете екипи, натпреварот на „Олимпико“ оправдано ќе го понесе епитетот дерби на колото (недела, 12:30).

Деветкратниот шампион по ред во калчото сезоната ја отвори со „петарда“ во Торино. Во пријателски натпревар настрада Новара. „Старата дама“ успешно го брани домашниот терен, но на гостувањата покажува друг лик. Во актуелната сезона Јувентус веќе еднаш не го освои целиот плен во Рим. По шест одиграни кола Јувентус има три победи, а исто толку се и нерешени. И покрај бројните и некарактеристични киксови, бранителот на титулата се наоѓа меѓу најдобрите екипи на табелата – во самиот врв. 

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Лацио - Јувентус

Небесносините по воведната победа на Сардинија западнаа во резултатска криза која на сцена стапи во месец октомври. Тешкиот пораз од Аталанта на домашен терен, потоа ремито со Интер во Рим и поразот од Сампдорија во Џенова, го ставија Лацио меѓу екипите кои се наоѓаат на средината на табелата. Големиот пресврт во судиското надополнување против Торино би можел да биде ветер во грбот за оваа екипа и најава за нов почеток.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во Серија А

Јувентус е еден од тимовите во првенството чија одбрана најмалку капитулира, па затоа тимот знае да ја наполни мрежата на противникот до врв. На секој натпревар „бјанконерите“ постигнаа барем по еден гол. На спротивната страна, Лацио не е баш ефикасен, а своето голгетерско салдо го подобрија со партијата против Торино. Кога се говори за проблематичниот дел, тоа е одбраната... 

На последните четири меѓусебни дуели, секој пат беше ГГ3+. Дербито на овие два тима нема завршено без победник од јануари 2014 година, а мрежите последен пат мируваа година дена претходно.