• Горан Упале
Екипата на Тотенхем не успеа да се извлече како во претходното коло со Лутон, кога победи до гол во самиот финиш и на вечерашното лондонско дерби со Вест Хем мораше да се задоволи со само еден бод (1-1), кој секако не ѝ е добредојден во трката за Лигата на шампионите.
- Вест Хем - Тотенхем 1-1:
На „Лондон Стадиум“ момците на Постекоглу имаа игра и водство на своја страна, но „чеканите“, благодарение на голот на дефанзивецот Курт Зума, си обезбедија еден бод на своето конто. Голот за Тотенхем го постигна Џонсон, по само пет минути игра. Со ова реми „петлите“ не успеаја да се израмнат со Астон Вила на четвртата позиција, која утре ја чека соочување со шампионот Манчестер Сити.
- Барнли - Вулверхмптон 1-1:
Без победник заврши и натпреварот на „Турф Мур“, во кој домашниот тим на Барнли имаше водство, но не успеа да го сочува и против Вулверхемптон одигра 1-1. Бран Ларсен погоди за домашна предност, но во самиот финиш од првиот дел Аит-Нури со глава ја затресе противничката мрежа за конечни 1-1.
Фудбалерите на Борнмут продолжуваат со фантастичните игри и резултати во овој дел од сезоната во Премиер лигата. Малиот клуб од југот на Англија влезе во серија од пет натпревари без пораз (четири победи и едно реми), а последниот триумф го извојува против Кристал Палас.
- Борнмут - Кристал Палас 1-0:
На „Виталити“ натпреварот заврши со минимални 1-0 за домаќините, а херој беше Џастин Клајверт, синот на холандската легенда Патрик.