• Саше Љолес
Во натпреварот од 18. коло на германската Бундеслига, Штутгарт и Унион Берлин одиграа реми со конечни 1-1 и ги поделија бодовите.
- Извештај од натпреварот:
Домаќините дојдоа во водство во второто полувреме со погодокот на Крис Фурих, но гостите од Берлин успеаја да израмнат преку Јонг Ву Јонг и да обезбедат бод на тешкото гостување.
Дуелот беше затворен и изедначен, со шанси на двете страни, а двата тима покажаа борбен пристап во текот на целото време. Сепак, ривалите мораа да се задоволат со поделба на пленот.
„Швабите“ остануваат на четвртата позиција со 33 бода, додека Унион Берлин е пет места подолу на табелата, со вкупно 24 бода на своето салдо.










