• Саше Љолес
Фудбалерите на Баер Леверкузен не успеаја да ја оправдаат фаворитската улога и ремизираа против екипата на Холштајн Кил со конечен резултат 2-2 (2-1).
Актуелниот германски шампион одлично го започна мечот и водеше со 2-0 по само осум минтуи игра, но до крајот гостите успеаја комплетно да се вратат во мечот и да се изборат за голем бод.
- Баер Леверкузен - Холштајн Кил 2-2:
„Фармацевтите“ водеа со головите на Виктор Бонифејс и Јонас Хофман, а на спротивната страна стрелаа Макс Гешвил и Јан Фите-Арп. На паузата Леверкузен водеше со 2-1, но во второто полувреме Холштајн Кил успеа да извлече позитивен резултат и донесе радост за своите навивачи.
Унион Берлин прикажува подобра форма и го совлада тимот на Борусија Дортмунд со конечни 2-1 (2-0). Домашните фудбалери уште во првото полувреме ја создадоа клучната позитива, а „милионерите“ не успеаја да возвратат со иста мера во вториот дел. За Унион ова е трета сезонска победа, додека Дортмунд го запиша вториот пораз.
На останатите натпревари во истиот термин, Волфсбург се избори за триумф на гостувањето кај Бохум (1-3), додека Фрајбург со минимални 0-1 го совлада Вердер Бремен, исто така на гостински терен.