ВИДЕО: Кикс на најскапиот стопер, па магија на Бруно – Јунајтед „лудува“ со Сити!

Екипата на Манчестер Јунајтед игра фантастично финале во ФА Купот и има предност против Манчестер Сити (0-2), благодарение на еден кикс на фаворитот и една блескава асистенција на Бруно Фернандеш.

Се играше 30. минута кога Јошко Гвардиол како најскап светски стопер направи лош потег со глава и му подари гол на Јунајтед. Стрелец беше Гарначо кој излезе пред голот сам и погоди во празната мрежа.

Потоа, во 39. минута, Бруно Фернандеш изведе магија и со неверојатна асистенција го пронајде Маино, кој зголеми на 0-2 и го стави Манчестер Сити во големи проблеми во финалето на „Вембли“.

Состави

Пеп Гвардиола

4-3-2-1

    Рубен Аморим

    4-4-2