Кикс на Монако, а победи за Лион и Стразбур во француската борба за ЛШ

Фудбалерите на Лион забележаа важна победа во Лига 1 во трката за место во Лигата на шампионите, откако го добија убедливо дербито со Рен со 4-1 (3-0). Натпреварот на „Олимпик Парк“ беше решен практично уште во првото полувреме кога домашните стекнаа висока предност. 

Резултатот го отвори Малик Фофана со гол во осмата минута по асистенција од Алмада (1-0). На 2-0 зголеми Корентин Толисо во 25. минута, а до полувремето Александре Лаказет го постигна третиот погодок за Лион. 

Во продолжението Мохамед Меите успеа да намали на 3-1, меѓутоа Ѓорѓес Микаутадѕе стави точка на победата во 77. минута (4-1). 

Претходно второпласираниот Монако не успеа да слави на гостувањето кај Ле Авр (1-1). Екипата која се бори за опстанок го задржа фаворитот, поведе преку Кока и иако не успеа да издржи и прими гол преку Бирет, на крајот освои голем бод. Важни три бода освои и Стразбур совладувајќи го Сент Етјен со 3-1. 

Монако има 55 бода на второто место, Лион е четвртопласиран со 54, а исто толку бода на шестото место има и Стразбур. Рен е на средината од табелата со 38, додека Ле Авр е 16. со 28, додека Сент Етјен има еден помалку и е една позиција подолу.