• Горан Упале
Италијанскиот фудбалер Федерико Киеза летово би можел да го напушти Јувентус и да направи шокантен трансфер. Последните шпекулации од „чизмата“ велат дека негова нова средина најверојатно ќе биде лутиот ривал на „старата дама“ Интер.
Како што тврди Маурицио Ромеи, кој прв објави дека Киеза во 2020 година ќе се пресели од Фиорентина во Јувентус, сега пишува дека Италијанецот ќе го засили Интер.
Киеза има договор со клубот од Торино до летото следната година, кој нема да биде продолжен. Доколку Јувентус не го продаде Киеза во овој преоден рок, постои ризик 26-годишниот напаѓач во јануари бесплатно да избере нов клуб.
Киеза минатата сезона одигра 29 натпревари за „старата дама“ и постигна осум гола.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.