Кевин Принс Боатенг ќе ја игра последната сезона во кариерата

Боатенг

Кевин Принс Боатенг најави дека на крајот од претстојната сезона ќе стави крај на фудбалската кариера.

Пред неколку дена тој стави потпис на нов едногодишен договор со Херта од Берлин. Тоа ќе биде последен за него, бидејќи смета дека е вистинско време да престане со активно играње фудбал.

„Можам да ви кажам овде и сега дека ова е дефинитивно мојата последна сезона. Ќе направам сè за клубот, но и за себе. И тогаш ќе речам крај, доста е“, изјави Боатенг.

35-годишникот одигра 18 натпревари во дресот на Херта во минатата сезона. Беше дел и од клучниот натпревар за опстанок во Бундеслигата против Хамбургер.