Кеси нов соиграч на Алиоски, Ал-Ахли ѝ плати обештетување на Барса

Многу екипи во саудискиот шампионат се наметнуваат во преодниот рок и најавуваат борба за шампионската титула. Последен во листата претенденти е Ал-Ахли, кој доведе уште еден искусен фудбалер од Европа. 

Франк Кеси кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија во дресот на Ал-Ахли.

Барселона за неговата слобода ќе добие 12,5 милиони евра, а Кеси потпиша тригодишен договор со Ал-Ахли тежок 60 милиони евра. Африканецот ќе ја дели соблекувалната со Езџан Алиоски

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во странство на ОВОЈ линк.