• Иван Димовски

Фудбалерите на Пелистер конечно ја прекинаа „црната“ серија од осум натпревари без победа во ПМФЛ, откако дома славеа против Брера (1-0). Човек на одлука на средбата беше Вилдан Керим. Искусниот офанзивец го даде единствениот гол против струмичани, а по натпреварот не го криеше своето задоволство.
„Постигнав убав и значаен гол. Среќен сум за голот, но посреќен сум за победата, Оваа победа премногу ни значи. Имавме тешка криза и се надеваме на подобри резултати по паузата, Ни беше падната самодовербата, се надевам дека сега ќе ја подигнеме. Ме радува тоа што има хемија меѓу нас. Имаше и против Вардар, а и играта беше добра. Секој натпревар навивачите ни требаат - колку се побројни, толку кај нас жарот е поголем“, изјави Керим.
По третата сезонска победа Пелистер стигна до 11 бода, а се наоѓа на десеттата позиција на табелата. Од друга страна Брера има 16 и е шестопласирана.






